Грција ги заостри граничните контроли заради ширењето на коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Грчките власти соопштија дека ќе ги заострат контролите на копнената граница поради ширењето на коронавирусот во соседните земји.

„Сите оние кои влегуваат во земјата преку пограничниот град Промахонас во Бугарија од вторник, 14 јули, ќе мора да имаат негативен тест за коронавирус направен до 72 часа пред да пристигнат во Грција“, рече портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас.

На граничниот премин Промахонас во петокот, 29 туристи од Бугарија и Романија се тестираа позитивно за коронавирус.

Од понеделник, најмалку седум српски туристи во Грција се позитивни и се во карантин.

Поради зголемениот број заразени лица, Грција ги затвори границите за граѓаните од Србија во недела, а мерката трае до 15 јули.