Грција планира од следната недела да го укине карантинот за патници од Европската унија и уште пет други земји, кои биле вакцинирани или биле тестирани негативно за „ковид-19“, изјави денеска висок владин претставник
Грција, која излезе од една децениска финансиска криза минатата година пред пандемијата, рече дека ќе го отвори својот туристички сектор од средината на мај, кој е клучен двигател на растот за нејзината економија.
– Постепено ќе ги укинеме ограничувањата на почетокот на следната недела пред отворањето на 14 мај – изјави службеникот од Министерството за туризам, кој побара да не биде именуван.
Официјалниот претставник рече дека на граѓаните од ЕУ, САД, Велика Британија, Израел, ОАЕ и Србија ќе им биде дозволено да патуваат во Грција преку аеродромите во Атина, Солун, Ираклион, Ханија, Родос, Кос, Миконос, Санторини и Крф и два гранични премини.