Грција им плаќа на младите 150 евра за да се вакцинираат

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Грчката влада објави дека на почетокот на летото планира да подари 150 евра на секој млад Грк кој е вакциниран против коронавирусот или планира да го стори тоа наскоро.

Картица со 150 евра ќе им биде дадена на младите родени помеѓу 1996 и 2003 година кои досега примиле барем една доза од вакцината или ќе аплицираат да ја примат оваа година, објави денеска ЕУРАКТИВ.

Се проценува дека картичката ќе им биде дадена на 940.000 млади луѓе кои ќе можат да ја потрошат на патувања, туризам или културни настани во земјата.

„На младите им должиме подарок благодарност, да им се заблагодариме за трпеливоста и истрајноста, особено на почетокот на летото“, рече денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Со „Картичката слобода“, младите ќе плаќаат патувања со брод или воз, изнајмување автомобили, хотели и кампови, како и билети за културни настани, кина, театри, музеи, археолошки места и училиште за танцување.

Министерот за дигитализација Киријакос Пиеракакис рече дека на тој начин ќе се охрабрат и туристичката и културната индустрија во Грција, кои беа силно погодени од пандемијата на коронавирусот.