Грција ќе превезува руска нафта во трети земји

од Nikola Popovski

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјавил дека шестиот пакет санкции против Русија, усвоен од Европската Унија, не им забранува на грчките сопственици на бродови, кои поседуваат четвртина од светската флота на танкери, да превезуваат руска нафта.

-Помалку нафта ќе се транспортира од Русија во Европа, но нема санкции поврзани со грчкиот превоз поврзан со транспортот на нафта од Русија во трети земји, изјави Мицотакис на прес-конференција во Брисел, пренесува „Спутник“.

Тој посочил дека сега сите се одговорни и дека можеби на совест ќе размисли дали во овој момент ќе сака да транспортира руска нафта, но повтори дека нема хоризонтална забрана и дека не мисли дека ќе има некаква значителни последици за Грција.

Мицотакис, исто така, рече дека грчкиот брод може да игра многу важна улога во транспортот на жито од украинските пристаништа.

На прашањето дали новото ембарго на ЕУ ќе доведе до ново поскапување на горивата, Мицотакис рече дека тоа не е сигурно.

-Европа има должност да ги искористи сите расположливи средства. Знаеме дека секој пакет санкции има своја цена, но за нас таа ќе биде пониска отколку за Русија, рече Мицотакис.

Слични содржини