Грција од 5 април ги укинува ограничувањата за летови со нашата земја

од Берта Китинска
233 прегледи

Од 5 април се укинуваат рестрикциите за летови меѓу Грција и Северна Македонија, Албанија и Турција, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција .

Летовите од земјава од овој датум ќе бидат дозволени кон сите грчки аеродроми, а не само кон атинскиот аеродром како што беше случај до сега.

Во меѓувреме, Грција ги продолжува ограничувањата за воздухопловните врски во рамките на самата земја до 29 март во 6 часот наутро, со исклучок на неодложни потреби како што се патувањата од здравствени причини, за деловни цели, за враќање во постојан престој или од објективни семејни причини.

Слични содржини