Грција: Воздушниот сообраќај „стопиран“ до 14 јуни, за С. Македонија ограничувањето не важи

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Грчката управа за цивилно воздухопловство (CAA) денеска објави продолжување на вонредниот договор за ограничување на воздушниот сообраќај со цел да се спречи ширењето на коронавирусот до понеделник, 14 јуни, до 6 часот наутро.

Одлуката забранува влез во Грција за државјани на други земји кои доаѓаат авионски, но не и за државјани на ЕУ и членки на Шенген-зоната, нивните сопружници или цивилни партнери и нивните малолетни деца, објави агенцијата АНА, како што пренесува Танјуг.

Патниците кои патуваат од суштински причини и постојаните жители на следниве 22 земји се ослободени од забраната: Србија, Австралија, Северна Македонија, Обединетите Арапски Емирати, САД, Велика Британија, Израел, Канада, Белорусија, Бахреин, Нов Зеланд, Југ Кореја, Катар, Кина, Кувајт, Украина, Руанда, Русија, Саудиска Арабија, Сингапур, Тајланд и Босна и Херцеговина.

Сите патници кои пристигнуваат во Грција мора да пополнат и да достават PLF формулар на https://travel.gov.gr, кој ги дава нивните информации за контакт во земјата.

Сите патници над шест години кои влегуваат во земјата, приложуваат потврда издадена од јавен орган или овластена лабораторија за вакцинација против ковид или негативен ПЦР тест или информации дека се опоравиле од коронавирус.