Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис објави дека границите на оваа медитеранска земја може да бидат отворени за странски државјани пред 14 мај, датум кој неодамна беше наведен како „Денот Д“ за сите оние кои сакаат да дојдат на одмор во „земјата на Хелените“.
– Ако сè оди добро во врска со коронавирусот, Грција ќе може да прими туристи и порано – рече Теохарис, пренесе „Прототема“.
– Зборувам за постепена либерализација на патувањата од Европа, САД, Велика Британија, Израел, Србија и Обединетите Арапски Емирати.
Како услови за влез во Грција, министерот за туризам наведе вакцинација, здравствено уверение или негативен тест за вирусот.
– Кога патниците ќе пристигнат, тие ќе бидат подложени на примерок за проверка на аеродромот со употреба на иновативен систем. Исто така, ќе користиме брзи тестови. на крајот, ќе има и хотели за изолација – најави Теохарис.