Грците ќе ги казнуваат туристите кои оставаат предмети на плажа за да си чуваат место

од Берта Китинска
421 прегледи

На Фејсбук страницата на градот Пефохори, едно од најпопуларните одморалишта на Халкидики, вчера беше објавено соопштение во кое се наведува дека е забрането оставање лични работи на плажа заради резервација.

„Забрането е да зафатите место на плажата со вашите ствари преку ноќ, рано наутро и во текот на ручекот. Во спротивно доколку има напуштени предмети на плажата ќе бидат одземени од комунални редари и ќе бидат вратени по плаќањето на казната“, пишува на македонски јазик локалниот совет на заедницата Пефкохори.