Грците подготвуваат „карантински соби“: Кој се зарази, ќе летува вака

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Грчката влада издаде нови, задолжителни упатства за хотелите низ целата земја во врска со можните случаи на Ковид-19, пренесе „б92“.

Сега од сите хотели се бара да обезбедат „безбедни простории“, односно изолациони области за потврдени случаи, во кои клиничката состојба на пациентот е таква што не му е потребна болничка нега.

Властите велат дека ова привремено решение, кое наскоро ќе биде заменето со создавање мрежа на „карантински“ хотели, овозможува безбедно продолжување на обновата на грчкиот туризам.

Во упатствата е утврдено дека за сите сместувачки места до 10 соби потребно е да се создаде една карантинска соба, за сместување до 50 соби се потребни две карантински соби, а сместувањата со повеќе од 50 соби мора да имаат карантински соби дури 3% од сместувачкиот капацитет.