Груби: На Гостивар очајно му е потребно смена на градоначалничката позиција

од Andreja Salpe
225 прегледи

Првиот заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби смета дека на Гостивар му е потребна смена на градоначалничката позиција.

Тој коментирајќи ја економската состојба на Општина Гостивар, вината ја гледа во раководство на општината.

– Како на ниту една друга општина на Гостивар, очајно му е потребна промена на градоначалничката позиција. Таа се менаџира на најлошиот можен начин и граѓаните имаат потреба од развој на градот која би се одвивала во соработка со централната власт, подвлече Груби во одговорот на новинарско прашање околу претстојните локални избори.

Според него гостиварската општина би добила повеќе средства за развој доколку соработката била на повисоко ниво, а не да застапуваат партиски интереси.

– Можеше многу повеќе да се направи за овој регион, доколку имавме соработка со локалните власти. Но, за жал тие не ги гледаа интересите на граѓаните и компаниите, туку во прв план ги ставија интересите на нивната партија и политиките кои се однесуваат на централно ниво. Затоа на Гостивар му треба градоначалник кому на прво место ќе му бидат потребите на граѓаните и фирмите и ние како партија ќе ја поддржиме таа промена, потенцира Артан Груби.

Тој за евентуалната поддршка на кандидатурата на потпретседателот на ДУИ и поранешен градоначалник Невзат Бејта, рече дека за тоа ќе се одлучува во наредниов период, но како што рече, секој предлог на лидерот Али Ахмети ќе биде далеку подобар од актуелниот.

Слични содржини