Груби негира дека Меџити се налутил: „Мал лапсус е неговата изјава“

од Берта Китинска
326 прегледи

Милам дека мал лапсус е изјавата на пратеникот Изет Меџити, тој требаше да каже прашајте го лидерот на ДУИ Али Ахмети дали Насер Зибери ќе биде премиер 100 дена, објасни во Топ тема првиот вицепремиер Артан Груби како одговор до Меџити кој денеска го прозва за да одговори кој ќе биде премиер 100 дена оти Зибери е избран за народен правобранител.

– Изет Меџитi ми е пријател тој е ветеран,координатор во партијата тој има функции и искуство во партијата и политиката од него може да се научи. Тој е дел на огранокот на Чаир. За тоа кој ќе биде во новата зграда одлучува Ахмети, тој кажува кој ќе биде замена за неговото место. По пат на заеднички внатрепартиски избор јас сум замената за неговото личното присуство ние имаме доверба во него и никој не ги спорел неговите одлуки, изјави Груби.

Слични содржини