По финализирање на еден од одлучувачките чекори за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во земјата, Коридорите 8 и 10Д со потпишување на договорот за процесот на правна консултација и надзор на градежниот процес, Артан Груби напиша на својот Фејсбук профил дека нема веќе ниедна пречка и дека започнуваме со изградба на Коридорот 8 и 10Д.
„Историски ден, нема веќе ниедна пречка, започнуваме со изградбата на Коридорот 8 и 10Д!
Заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи, директорот на ЈП „Државни патишта“ Ејуп Рустеми и директорот на меѓународниот конзорциум IRD Engineering, Паоло Орсини, денес го финализиравме еден од одлучувачките чекори за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во земјата, Коридорите 8 и 10Д, со потпишувањето на договорот за процесот на правна консултација и надзор на градежниот процес.
По денешните потписи на овој договор веднаш од понеделник ќе одржиме состанок на Управниот комитет за Коридорот 8 и 10Д за да ја започнеме фазата на финалните преговори со конзорциумот Бехтел Енка напиша Груби.
Им се заблагодарувам на сите кои придонесоа за реализацијата на овој историски процес за развојот на нашата држава!“- напиша на својот Фејсбук профил Артан Груби.