Груби: Уште едно големо ветување се реализира

од Nikola Popovski
193 прегледи

Заменикот на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби изврши надзор во процесот на изградба на основно училиште во населба Визбегово.

Груби заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, заменик директорот на Царинската управа, Мухарем Асани и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски денеска извршија надзор во процесот на изградба на основно училиште во населба Визбегово.

-Уште едно големо ветување се реализира! Во пресрет на почетокот на новата учебна година, со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, заменик директорот на Царинската управа, Мухарем Асани и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски извршивме непосреден надзор над процесот на изградба на основното училиште во населба Визбегово, пишува Груби на својот Фејсбук-профил.

Тој информираше дека работниот процес значително напредува и оти барањето на жителите на оваа населба наскоро ќе стане реалност.

Слични содржини