Стечајците скептични, бизнисмените претпазливи оптимисти, синдикалците задоволни, експертите со сомнеж. Колкав ќе биде бенефитот од субвенционираните мерки за вработување?-анализира DW.
Македонската Влада со амбициозен пакет мерки ќе се бори со невработеноста. Преку ослободување на персонален данок и придонеси во период од три до пет години ќе се стимулираат фирмите да отвораат нови работни места. Младите до 29 годишна возраст веќе не се единствените за кои ќе се доделуваат вакви поволности. Мерката се проширува на сите невработени, дури и за оние со над 58 години чии давачки за придонеси до пензионирање ќе бидат покриени од Владата. Очекувањата се дека проектот ќе отвори десетици илјади работни места и ќе ги намали трошоците на стопанството. Еден од клучните бенефити според власта е што се отвора можност за работно ангажирање и на ранливите категории граѓани и повозрасните кои по разни основи веќе подолг период се без работа. Во ваквиот налет на оптимизам, клучната дилема според упатените и директно засегнатите е како ќе реагира пазарот, колку реално ваквата мерка е исплатлива, оправдана и би ги дала посакуваните резултати:
Профитираат само партиските војници
„За нас стечајците ваквата мерка би била добра прилика, има шанси за вработување, но не знам овој пат колку е таа изводлива. Еве зошто! Државата ќе ги покрие придонесите, но работодавачот треба да дава плата! Но прашањето е колку во моментов има подготвеност за тоа кај работодавачите, но и кај работниците од оваа категорија стечајци, колку се тие способни за работа во услови на нивна истоштеност, истрошеност, амортизираност на работната способност? Со години се без работа, ја имаат загубено. Затоа и јас не верувам дека ќе има некој бенефит за стечајците. Нашето горко искуство е дека стечајците само се обесштетуваат, но не сите туку само партиските војници. Досега имавме два закона и за жал тоа не снајде, добија само партиските војници. Сакаме да веруваме дека сега ќе има решение и за останатите но не сум оптимист. Ние го поздравуваме и фалиме секој што ќе ни пружи рака, но досега го критикувавме Премиерот затоа што сите овие години не поведе сметка сите одеднаш да не обесштети еднаш засекогаш, туку цело време не цепкаа, не делеа. Оптимисти сме, но се сомневаме дека и од ова ќе има бенефит за нас“, смета Лилјана Георгиевска претседател на здружението на стечајци од Куманово.
Повеќе ТУКА
