381
„Ако кај талибаците е доволно да те осудат затоа што си бил нивни противник, не е ништо поразлично и во Македонија по доаѓањето на Заев и СДСМ на власт. Не им требаат ни реални докази, ни реални сведоци, ни сторено кривично дело. Откога ќе падне наредбата од промоторот на концептот “живи луѓе има да јадеме кога ќе дојдеме на власт”, сѐ се фабрикува, потоа сите се прават глуви и слепи, секој во системот гледа да не настрада и се тече по издадената наредба“, сподели бегалецот и поранешен премиер на Македонија, Никола Груевски на својот Фејсбук профил, споредувајќи ја ситуацијата во Авганистан со онаа во земјава.