Груевски е тргнат во отворена војна за конечно укинување на опозицијата

од Vladimir Zorba
86 прегледи

За сега, Зврлевски игра по нотите на Груевски.

Gorgi-Spasov

За снимката од кабинетот што ја објави Сител, кажа дека не било дозволено да биде објавена бидејќи може да биде дел од доказниот материјал во евентуалниот судски процес.

Тој не кажа како е добиена, кој ја направил, дали снимањето на Заев во кабинетот на премиерот е кривично дело и дали омилената Тв Сител на премиерот, која прва ја објави снимката од неговиот кабинет, ќе биде повикана на одговорност.

Тој само ја навести намерата на обвинтелството да ги гони сите други(новинари и медиуми) што ќе објават такви снимки, кои може да се сметаат за доказен материјал во евентуалниот судски процес и дека обвинителството ќе бара таквите материјали да бидат отстранувани од социјалните мрежи.

Ваквото однесување на Зврлевски само потврдува дека пропагандата на Груевски е во паника.

Негоите медиумски пеопагндисти, во паника од информциите кои би можеле да ги разоткријат незаконските и противуставни активности на Груевски, концентрирани се на пет нешта:

Прво. Бараат и нудат толкувања на експерти кои ќе ја убедат јавноста дека, секоја аудио снимка може да биде монтирана. Не е важно дали е тоа гласот на Премиерот на Јанкуловска или на Ставревски.Истовремено не се сомневаат во точноста на аудио снимките кога е во прашање гласот на Заев.

Второ.Секој медиум и новинар што ќе објавел материјали прибавени на нелегален начин, ќе се сметал за соучесник во пучот за кој е обвинет Заев или најмалку за клевата за која ќе плаќаат високи судски казни за нанесена душевна болка.

Трето. Во еден и пол милион снимени разговори, кои странска служба му ги дала на Заев биле снимени сите граѓани на Македонија и секој од нив можел да биде уценуван од Заев. Затоа се повикани сите, со заеднички сили да го оневозможат нивното објавување.

Четврто.Странските служби што му ги дале материјалите на Заев, не и мислат добро на Македонија, туку го користат Заев за да ја уништи Македонија.

И петто. Бидејќи најверојатно материјалите се добиени од грчка разузнавачка служба, како што тврди владината пропаганда, зад идејата да се објават такви материјали стои сигурно интересот на Грција да го смени од власт Груевски, кој не го давал името, а да дојде на власт Заев кој ќе го продаде името.

Сите сили на владата се ставени во функција на остварување на овие 5 пропагандни цели за замолчување на медиумите и опозицијата.

Од се што прави Груевски од сега, станува јасно дека тој има тргнато во отворена војна за конечно укинување на опозицијата во земјата.

Со цел да го дискредитира тврдењето на Заев дека материјалите му се добиени од домашни извори , пропагандниот тим на Груевски, преку Сител, објави снимка од разговор на Заев со Груевски, снимена во кабинетот на Груевски.

Фарсата е до толку поголема што партијата на Груевски по тој повод излегува со соопштение во кое партијата на која тој и е лидер, ги повикува надлежните институции(во земјата во која е тој премиер) да откријат од каде се снимките снимени во неговиот кабинет и кои Сител ги користи за докажување дека премиерот бил во право кога тврдел дека материјалите на Заев се од странска разузнавачка служба. Истовремено партијата на власт ВМРО ДПМНЕ, која ги контролира сите инструменти на власта во земјата прашува: дали е дозволено да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали се снимките земени од полицијата ,која можеби наложила примена на Посебни Истражни Мерки- кон Заев, или не се од такви мерки туку за нешто друго станува збор?

На овие прашања не можат да добијат се уште одговори ниту од Обвинтелството кое верно ги следи и слуша.

Но, од денот кога се појави на телвизијата за да ја извести јавноста за тоа, каков лош лидер има македонската опозиција, на сите има стана јасно Груевски заедно со сите негови пропагандисти е исплашен како мало дете од она што го видел и она што може да го дознае јавноста. Во вителот на битката е вкучена најтешката пропагандна артилерија предводена од Латас, Мирка и Каракмишева а нивните пропагандни објаснувања и закани изречени на националната телевизија послушно и синхринизирано ги повторуваат секоја вечер по ист редослед телевизите Сител, Канал 5 и Алфа.

Убеден дека ќе биде толериран од меѓународната заедница како и до сега, Груевски уште пред судот да оцени дали ќе има судење, најави „јавен транспарентен судски процес„ за шпиунажа и обид за насилно уривање на уставниот поредок, во кој тој како сведок ќе ги понудел сите докази за пучот за кој е обвинет лидерот на опозицијата. Но, никој не му поверува. ЕУ и САД побараа веќе да не се обидува Груевски да направи политички монтиран судски процес, преку судството за кое одамна се знае дека е под негово политичко влијание и дека дели селективна правда. А тоа уште повеќе ја зголемува нервозата на Груевски.

Неговиот страв од „мрачните сили кои му работат зад грбот за да го сменат„ оди до таму што во секој веќе ќе препознава непријател, додека еден ден не го препознае во сопственото огледало.Но, до тогаш може уште големи зулуми да направи.

Ѓорѓи Спасов – Фејсбук статус