„Нашата позиција меѓу другото вели, да, политичарите ќе разговраат, преговараат, прифаќаат, нудат, одбиваат,..нешто ќе им се виде добро, нешто лошо, некој без, некој под некакви притисоци, уцени,понуди или закани, ….се може да прават, но ако некој нешто усогласи, договори, вети, или прифти, неможе финалниот збор да го имаат политичарите, министрите, премиерот или претседателот, туку целиот народ кој преку реферндум ќе каже дали некоја идеја, предлог или решение е добро или не, и тоа, и само тоа може да е финалниот одговор на Република Македонија, рече Груевски“ на денешниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
Ваквиот говор доаѓа откако Заев во повеќе наврати најави дека ќе има посебна „бомба“ за името и што прифатил Груевски.
– Кога ќе слушнете до каде отишол човекот со името, што тоа прифатил, ќе видите колку ни е загрозена и државата и народот – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Веројатно Груевски на ваков начин сака да го припреми и „утеши“ членството дека што и да слушне дека тој договарал или пазарел, на крај сепак, народот ќе одлучел на референдум./LIbertas
