Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од регуларни избори, затоа на шверцерски начин го донесоа законот за полиција

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од фер и регуларни избори!

Затоа на шверцерски начин ги донесоа законите за внатрешни работи и за полиција и отвораат теми што се затворени.

Министерот за внатрешни работи мора да има полни ингеренции како и сите други министри согласно Законот за Влада и постигнатиот Договор во Пржино.

Неопходно е Законот за внатрешни работи и Законот за полиција да бидат вратени во првобитната состојба.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се навикнале на криминални избори. Но такви избори повеќе нема да има, соопштуваат од СДСМ.