Груевски на Фејсбук: Не сум имал средба со Мицевски ниту некогаш сум му сугерирал нешто или некого да финансира

од Берта Китинска
147 прегледи

По денешното сведочење на Силјан Мицевски на рочиштето за предметот Талир 1, преку својот Фејсбук профил изреагира поранешниот премиер Никола Груевски.

„Во врска со натписите и објавите на неколку медиуми во Македонија кои се однесуваат на денешното сведочење на бизнисменот, поранешен градоначалник на Битола и поранешен висок функционер на СДСМ-Силјан Мицевски во предметот под работен наслов Талир 1, укажувам за злонамерите на дел од медиумите и истите ги демантирам во целост како невестини.При денешниот исказ на двата сведока, обајцата не ги потврдиле наводите во обвинението против обвинетите па оттука веројатно и потребата на некои партиски определени медиуми да престават поинаква слика на нивното сведочење пред јавноста, особено за Силјан Мицевски. Никогаш додека бев премиер не сум имал средба или телефонски разговор со Силјан Мицевски ниту некогаш сум му сугерирал нешто или некого да финансира, и никогаш не сум му побарал ниту сум добил било што од него“, напиша Груевски.

 

Слични содржини