Груевски на Фејсбук: Власта добро да ги отвори очите и да внимава што прави со Бугарија

од Берта Китинска
221 прегледи

Со наслов „Аргументи во одбрана на Македонците и македонската национална кауза“, поранешниот премиер Никола Груевски, во третиот дел од анализата на одосите помеѓу Македонија и Бугарија, сподели неколку документи од ЦИА, како и цитати, кои јасно го покажуваат односот на соседите во минатото.

„Македонските власти, треба да излезат од романтичниот сон дека со огромните и непринципиелни отстапки кои ги направи кон Бугарија, дека ги затворила сите прашања со нашиот сосед и треба добро да ги отвори очите што прави. Потсетувам и на изјавата на министерот за образование на Бугарија, Иван Шишманов, дадена на францускиот новинар, публицист и книжевник Гастон Рутие, кој по илинденското востание есента 1903 година ја посетил Македонија и Бугарија, а објавено во книгата „Македонија во делата на странските патописци, 1903“ чиј редактор е академик Александар Матковски.

„По десет години, ако Македонија стане автономна, таму нема да постојат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ќе постојат само Македонци… Ако Европа го мисли спротивното, таа греши, ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија, тоа се илузии“, вели Груевски.

Тој потсетува дека деновиве од бугарска страна уште еднаш ни ја сервираат старата теза дека во Бугарија комунистите правеле „присилна македонизација“ и затоа имало толку Македонци на пописот во првите два пописи по војната.

Публикувахте от Nikola Gruevski в Вторник, 5 май 2020 г.

Слични содржини