Груевски: Народот ќе ни ја донесе 10-тата победа на 24 април

од Vladimir Zorba
130 прегледи

 

На точно три месеци пред парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се посилни и пообединети од кога и да било претходно. Македонија е силна поради народот кој гневен на СДСМ зашто го воведе во политичка криза, ќе го казни на изборите кои ќе бидат нова, 10-та по ред победа на ВМРО-ДПМНЕ. Народот на следните избори ќе испрати четири пораки. grujo ja

Ова попладнево го истакна претседатлот на владејачката партија Никола Груевски во обраќањето на 16. Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ која под слоганот „Заедно одлучуваме за нашата иднина“ се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Во својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на полтичката криза во  Македонија во изминатата година во која, како што рече, некој го искористил СДСМ на валкан начин да го урне ВМРО-ДПМНЕ и да ја дестабилизира Македонија. Политичката криза, додаде тој, ќе заврши со изборите на 24 април кога народот  ќе го казни и ќе му се одмазди на СДСМ зашто му го силувал Уставот и законите, му донел политичка криза и неизвесност и привремено повлекување на оние за кој тој гласал на минатите избори

Во однос на противењето на СДСМ за избори на 24 април и барањето услови за фер избори, тој посочи дека две клучни институции задолжени за нивно спроведување се кај опозициската партија – МВР и ДИК.

– СДСМ бега од избори зашто знаат дека доаѓа казната, соработуваа со ѓаволот и ѓаволот сега доаѓа по своето. СДСМ станала партија на преплашено раководство, рече Груевски и додаде дека и кога би била во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде тука за народот зашто има желба и волја за тоа.

Во обраќањето тој најави дека уште поинтензивно ќе се појавува во јавноста во следните три месеци за, како што рече, да биде уште повеќе меѓу луѓето, за да разговара за проектите на неговата партија. Привременото повлекување од премиерската функција му овозможува уште повеќе време за тоа, зашто е ослободен, како што рече, од административни, формални и куртоазни обврски што ги има како претседател на Влада.