Груевски не може да се „помири“: Камчев се „испазарил“ за „Плацеви на Водно“

од Nikola Popovski
370 прегледи

Поранешниот премиер, кој моментално е во бегство, Никола Груевски се уште не може да се „помири“ со сведочењето на бизнисменот Орце Камчев во случајот „Плацеви на Водно“. Груевски повторно со објава наведува дека Камчев ја променил изјавата.

-Полека излегува на површина не вистината и не логичноста во последната изјава на Јордан (Орце) Камчев дадена пред неколку дена судот, кога за 180 степени ја смени својата позиција во еден ден во предметот “Плацеви Водно”, одкако во претходните денови имал три лични и без придружба на адвокати средби со обвинителката Лиле Стефанова, ја почна Груевски својата објава.

-Тоа го направил со цел и со договор да му биде попуштено, односно помогнато во друг предмет каде неговите позиции се многу лоши во однос на доказите кои ги има обвинителството.

Популарно меѓу народот се вели дека се има “испазарено”. Тоа подразбирам дека најверојатно се договорил во овој предмет да каже невистина која му е потребна на обвинителството и власта во кој јас сум главниот таргет, за во друг предмет обвинителите “да не видат” некои негови законски престапи, додава Груевски за Камчев.

Поранешниот премиер, меѓу другото објави дека го потврдува она што и самиот Камчев го кажал повеќе пати дека со Јордан Камчев никогаш додека обавувал јавни функции не бил близок.

-Како познат бизнисмен до крајот на мојот мандат во власта секако сум остварил неколку контакти со него, но секогаш тоа било поврзано со службените обврски и активности и никогаш за приватни цели, истакнува Груевски.

Слични содржини