Груевски: Не повикуваме на граѓанска војна, под борба подразбираме- политичка борба

од desk3
97 прегледи

Nikola_Gruevski_774808261

„Погрешно е мислењето дека со соопштението на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ се повикува на граѓанска војна.Вчера имавме седница на Централниот комитет, во проширен состав, на која присуствуваа градоначалници, директори и други функциониери поставени од ВМРО-ДПМНЕ имавме дискусија и заклучокот го соопштивме преку соопштение“, порача денеска премиерот Никола Груевски од Кавадарци.

„ Под борба подразбираме, политичка борба за напредок на Македонија, за зачувување на достоинството, напредок на економијата, демократијата и подобар живот за сите граѓани“, рече Груевски .

Груевски денеска беше во посета на Кавадарци и Росоман каде што го предаде во употреба патот Страгово-Крњево-Ладно Долче. Во Росоман тој ја пушти во употреба фискултурната сала во Осоновното училиште „Пере Тошев“, а во селото Паликура новоизграденото училиште.