Груевски нема друг избор, гази кон Русија

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Влада на Груевски  сака да се приближи кон Москва, не поради некои стратешки планови кои ги гради со Москва, туку поради тоа што ја изгуби поддршката од ЕУ, претходно, вели во интервјуто за Радио Дојче Веле, Никола Ќурчиски,докторант на Руската Претседателска Академија во Москва вработен во тамошниот Центар за ресурсна економија

timthumb (56)

Впрочем, погледнете ја изјавата на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски од 16.05. дадена во интервјуто за Асошиејтед Прес, каде директно ја обвинува ЕУ за сегашниот ќорсокак во кој се наоѓа Македонија. Инаку декларативно македонската Влада се залага за влез во ЕУ, но од таму одамна увидоа дека суштински не е баш така, вели Ќурчиски.

Москва ги прочита овие јасни пораки од владата во Скопје и затоа ја става Македонија во својата дневна агенда. Веќе сме сведоци како на нивните медиуми се пласира тезата дека САД организира нов „Мајдан‘‘ во Македонија, за да ја сопре изградбата на „Турски тек“. Оваа стратегија на Москва веќе дава резултати, се повеќе земји почнуваат да се вртат кон Русија и БРИКС, бидејќи се појавува сомнеж кај нив дека она што го кажува Русија за униполарната, монополистичка улога на САД, всушност е точно. Веќе се понагласено е и во западните медиуми тоа дека Обама ги губи пријателите, за сметка на Русија. Исто така јасно и е на Москва, дека доколку Груевски успее да ја преброди оваа политичка криза, ќе мора во тој случај да соработува многу поблиску со Москва, бидејќи ќе биде изолиран од „Западот“.

ДВ: Забележлив е засилен третман на Македонија и во руските пропагандни медиуми (Раша Тудеј, Спутњик). Се објавуваат разни теории на заговор околу протестите против Груевски и опасноста од „Голема Албанија“. Која е целта на оваа медиумска кампања и дали е тоа некаква најава за идно засилено руско медиумско присуство во Македонија?

Како што кажав претходно, според мене главната цел на Москва е токму медиумската кампања што ќе ја направи со случајот во Македонија. Ќе се обидат да покажат дека САД стојат зад ова сценарио и да направат паралела со другите вакви слични настани. Според мене, мали се шансите Москва да интервенира со нешто повеќе од изјави на официјални лица и медиумска покриеност, за случајот во Македонија.

putin

Да, може да се очекува поголема присутност на руските медиуми на Балканот, одамна го спремаат тој проект, требаше дури да има и Russia Today на српски, но не знам до каде стигнаа. Мислам дека Москва увиде дека има многу поголема поддршка на Балканот од тоа што мислеше, особено од словенските земји. Моето 3 годишно искуство тука во Москва ми укажува дека претходно мислеа дека немаат толкава поддршка. Ако се присетиме, Југославија и СССР немаа секогаш блиски односи, баш напротив на моменти беа доста заладени. Останатите земји од поранешниот Советски лагер (Бугарија, Романија и Унгарија), сега се членки на ЕУ и НАТО, но сепак и кај нив е забележителна поддршката која ја добива Русија и покрај сугестиите од ЕУ, најдобар пример за тоа е унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој дури и потпиша договор со Газпром за изградбата на „Јужен тек“, без согласност на ЕУ. Новиот грчки премиер Ципрас, отворено ја критикува ЕУ за политиката на санкции кон Русија и токму пред еден месец беше гостин на Путин во Москва. Секако дека после ваков развој на настаните, логично е да се очекува Москва да го зголеми своето медиумско присуство на Балканот, коментира Ќурчиски.

Целото интервју прочитајте го тука