Груевски од Росоман: Нови 600 милиони евра за земјоделците

од Vladimir Zorba
110 прегледи

148081

Нови 600 милиони евра субвенции за земјоделците или по 150 милиони евра годишно, најави денеска од Росоман, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Државно субвенционирање на купување трактор, 80 процентно субвенционирање на изградба на систем „капка по капка“ и на замена на стадата говеда, вети Груевски, додавајќи дека со високо приносни раси, воведување професионални советници за земјоделците, се само дел од проектите од програмата „Реално“ на кои се осврна Груевски на денешната средба со жителите на Росоман. Тој информира дека граѓаните ќе имаат можност и да ги искористат поволностите од проектот „Од град во село за нов почеток“ при што ќе добиваат субвенции од 6.000 евра за изградба или реконструкција на к