Груевски: Прифатлив закон за медиуми од која било држава на ЕУ

од desk3
86 прегледи

 

Постојниот закон за медиуми е добро решение, но ако тоа опозицијата го поставува како услов  прифатливо е да се преземе кој било закон за медиуми од која било  европска земја во целост, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повторувајќи го партискиот став во однос на разговорите во работната група на политичките партии за медиумската сфера.

gruevski

–  Ние како земја тежнееме да станеме членка на ЕУ и ако е тоа така тогаш треба да преземеме закон од која било членка на ЕУ. Нашиот закон е одличен и повеќе посакувам тој да остане, но доколку опозицијата го поставува тоа како некаков услов се согласуваме тие да посочат закон од која било европска држава и ние ќе го прифатиме, рече Груевски во изјава за медиумите по посетата на општина Илинден.

 

На оваа изјава реагираа од СДСМ. Ви го пренесуваме соопштението во целот.

“Никола Груевски денеска требаше да одговори за милионските трансфери што ги правела Владата, тешки 13 милиони евра, за Сител, Канал 5 и Алфа, за само три години.

Никола Груевски денеска требаше да одговори што платил на Сител, Алфа и Канал 5 со над 2,6 милиони евра, на ден по трагичниот инцидент во Куманово, кога загинаа полицајци а стотина луѓе останаа без домови?

Денеска Никола Груевски требаше да одговори дали на Кочан, од фамилијата сопственик на фирмата „Трансмет“, или како што самиот Груевски го нарекува „оној што вози Сеат Ибица“ ги скроил сите тендери и плаќања од Платежната агенција во износ од над 700 илјади евра?

Со бегањето од овие одговори Никола Груевски го потврди она што јавноста многу добро го знае.

Медиумскиот мрак, пропагандата и медиусмките хајки се платени со пари на граѓаните.

Цели 10 години провладините медиуми ги лажат граѓаните, наместо да ја соопштуваат вистината. Ги трујат граѓаните со виртуелна реалност што не постои додека речиси пола Македонија се исели, а мнозинството од неиселените, живеат во незапаметена сиромаштија досега!

Никола Груевски може да бега од одговори но не може да избега од одговорноста.

Заврши времето на Никола Груевски, доаѓа слободата, доаѓа правдата.”