Премиерот Никола Груевски денеска гостуваше во вестите на Сител. Меѓу другото тој говореше за аферата што тој ја нaркува “Фабрика за фалсификати”.

nikola-gruevski-sitel-tv

“Бев фрапиран, таа фрапираност изминатите денови растеше и сега сум шокиран  од она што излезе на виделина. Испаѓа демек ние работиме на нови фабрики,  нови работни места, помош на земјоделците, куќи на младите, а од друга страна некој друг  работи на фалсификување на пасоши со кои треба да се компромитираат политички ликови од ВМРО-ДПМНЕ, фалсификување на документи за банкарски трансакции,  со цел да се наруши нивниот кредибиилитет и на тој начин се добијат изборите.
Да се натпреваруваме со идеи,  дела, креативност, да имаат поквалитетен живот, градежни политики реформи…некој друг својата енергија не ја  троши на тоа, се натпреваруваат да купат опрема за фалсификување на пасоши,  јас се сеќавам дека Шилегов најави дека ќе објавува материјали за наводни криминали на ВМРО-ДПМНЕ, сега откривме за што станува збор.
Мене ми е многу жал што некои политички партии паднаа на тоа дереџе да се надеваат на ваков начин да дојдат на власт…

(ВИДЕО) 24 декември денот кога започна медиумско-политичката кариера на  најпознатиот контра-демонстрант

Ова не е политика, ова е дрзок криминал. Ние се соочуваме со некој што се бори со крајно криминални средства и не е лесно да одговорам, ова го нема никаде. “-посочи Груевски
Според Груевски ситуацијата  била специфична , бидејќи прв човек во една од институциите кои треба да ги преземат сите мерки  е генералниот секретар на СДСМ и вели дека  се надева дека ке останел професионално да работи, колку и да е вплеткана неговата партија во сето ова.
“Она што излезе на виделина е дека онаа снимка, што излезе пред година ипол, еден човек како гази бос по тепих, збори нешто за ВМРО и  со пасоши околу него, за што јавноста требаше да сфати дека човекот е од ВМРО-ДПМНЕ… излезе дека станува збор за снимки од таа соба. Истрагата трае, но она што го чув,  неофицијално го знам е дека таа снимка е со намера дадена таму, за да се насочи дека најверојатно некој припадник на ВМРО работи таму во собата со пасоши. Излезе дека тој што се сликаше со Спасовски и со Заев , во неговата куќа биле правени тие фалсификати од пасоши. Како стои работата ќе излезе дека токму некој друг стои зад ова”- додаде Груевски

Слични содржини