Груевски за „Насилство во Центар“: „Големиот шеф“ нека живее во сонот на семоќниот Супермен

од Берта Китинска
310 прегледи

Политичарите кои учествуваат во овие злодела еден ден прилично ќе се загрижат. Во меѓувреме, „големиот шеф“ нека живее во сонот на семоќниот Супермен, напиша екс премиерот Никола Груевски на социјалните мрежи по денешното рочиште на својот Фејсбук профил по објавената пресуда за случајот „Насилство во Центар“.

„ Не му е грижа што неговите “шути и рогати” како што ги нарече демонстрантите ги ослободи од обвиненија иако демолираа и запалија канцеларија на претседател во станбена зграда во која живеат над 100 луѓе, дел од нив деца и постари лица, чии животи беа во опасност, а кои потоа ги ослободи од обвиненија. Спротивно на случајот пред општината Центар каде ничиј живот никој не загрозил, ниту некој некого повредил, ниту се фрлале молотови коктели. Во исто време овие кои истиот ги третирал како шути и рогати на 5 ти мај 2015 година по објавена лажна и монтирана снимка за Мартин Нешковски ги прати пред владата па истите верувајки му, повредија и во болница испратија 40 полицајци.При нарачката за денешната пресуда воопшто не му грижа што неговото обвинителство немаше ниту еден елементарен доказ дека обвинетите ниту реално нарачале, ниту организирале ниту се случило насилство. Ниту му е грижа што судијата беше принуден да не прифати ниту еден сведок предложен од мене додека бев во Македонија, или подоцна од адвокатот кој судот ми го назначи по службена должност. Ниту еден! А на обвинителството сите до еден сведоци се прифатија. Најголемото обвинување од сведоците, кои беа всушност советниците на општината Центар од СДСМ од тоа време, беше дека не ме виделе таму ама го чуствувале мојот дух. Чуствувале дух!“ напиша Груевски.

Слични содржини