Груевски за Протуѓер: Жал ми е што мој соработник спаднал на такви ниски гранки

од Nikola Popovski
548 прегледи

Поранешниот премиер и азилант, Никола Груевски се огласи од Будимпешта, реагирајќи на денешното сведочење на Мартин Протуѓер, на денешното рочиште за случајот „Плацови на Водно“.

Според бегалецот, неточна е изјавата на Протуѓер дека купил плац од 10.000 метри квадратни на Водно.

-За воља на вистината тој веднаш се корегирал на некој начин и тоа со три интервенции.

Првата е што кажал дека тоа околу Водно, еднаш сум му го спомнал некаде во 2010/2011, но кратко потоа пак сум продолжил да зборувам за потребата од барање живеалиште во Сопиште и тоа во повеќе наврати, по што, како што денес тој кажал, сфатил дека тоа наводно купување земјиште на Водно, не се реализирало.

Покрај ова тој додава и дека кога опозицијата ме нападнала за истото во 2015 година, јас јасно сум му кажал дека тоа што ме напаѓаат не е точно и сум побарал да се демантира, а потоа и лично го демантирав.

Третото негирање на некој начин е што Протогер, сакајќи да угоди на обвинителството искажувајки невистина, направил и една прилично голема грешка, која само докажува дека не ја говорел вистината, а тоа е дека кога наводно сум му го кажал тоа тој сватил дека тоа е во близна на куќата на бизнисменот Ристо Гуштеров, пишува Груевски.

Тој додава дека „во изминатите една година читал многу шпекулации низ медиумите и слушав од некои поединци околу тоа како Протуѓер панично се обидувал да се спаси од прогонот, умилкувајќи се на Заев и на обвинителството“.

-Ако е тоа точно, а повеќе непотврдени различни извори говорат за тоа, тогаш тоа е поразително за него како личност и би ми било многу жал што еден мој соработник за кој имав многу подобро мислење, спаднал на такви ниски гранки, смета азилантот.

Слични содржини