Груевски го обвини Заев за местење судии

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Екс премиерот во бегство Никола Груевски од Будимпешта се јави со нова објава на Фејсбук каде што посочи на неколку работи.

Пред се дека се прекршени роковите во Законот за заштите на приватноста со цел да ги избришат своите компромитирачки материјали, пишува Груевски. Потоа пишува дека имало тајна понуда на Заев кон Јанева пред околу половина година, и дека не се точни обвинувањата на Шилегов дека во новата зграда на Градот ќе нема место за сите, и затоа истата ќе била продадена.
Меѓу другото, Груевски се правда дека во негово време судиите се унапредувале според квантитативни и квалитативни критеруиуми, како и според закон, а сега само со ветување на премиерот Зоран Заев и тоа доколку судиите пресудувале по негови нарачки.

Но, во 2015 година, токму Заев, објавувајќи десетина „бомби“ ја обвинуваше тогашната власт дека судиите ги бира преку партиски тефтер.

Слични содржини