Груевски: Земете длабоко воздух и продолжете да се борите, никогаш не се откажувајте од вербата и идејата

од desk3
92 прегледи

На вечерашната Конвенција Груески ги претстави кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за претстојнтие локални избори на 15 октомври.  

-Ќе ги исправиме грешките рече Груевски,  ги слушнавме пораките на народот, помудри сме и поодлучни.  Нашите кандидати ќе затропаат на вратите на сите гласачи за да ги зајакнат врските со сите, за да ги слушнат нивните проблеми за да можат да ги решат. На овие избори ќе се соочиме со пенкалото и гласачкото ливче бидејќи се одлучува за иднината на земјата, рече Груевски.

– Не ги спомнав нашите политички опоненти, народот од нас очекува дела и се потпира на нас и нема простор за зајадливост, не ја заслужуваат  на овој ден. Гордо одиме на локалните избори, на 15 октомври ќе победиме и на  предвремените парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на чело на државата рече Груевски на вечерашната конвенција.