Според него се што досега било изјавено за овој случај е, како што рече, само обид да се замагли фактот дека биле фатени во криминал и дека всушност опозицијата ја користела опремата да фалсификува лични карти.
Спасовски рече и дека постојат и официјални писмени изјави на вработени во министерството и во управните служби дека биле принудувани да издаваат фалсификувани лични карти по наредба на претпоставени и тоа во време пред изборите.
За таканаречениот случај фабрика за афери собранието донесе одлука да се формира Анкетна комисија на иницијатива на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.