158
Група активисти денес насликаа огромно украинско знаме на улицата пред руската амбасада во Лондон, во пресрет на годишнината од руската инвазија, објави Ројтерс.
Активистичката група „Led By Donkeys“, го запре сообраќајот и испрска повеќе од 300 литри боја на улицата користејќи колички и четки за да обои 500 квадратни метри знаме.
„Украина е независна земја и народ со секое право на самоопределување. Масовното украинско знаме пред амбасадата на рускиот претседател Владимир Путин во Лондон треба да го потсети на тоа“, се вели во соопштението на групата.