Група од 38 американски држави го тужи Гугл

од Nikola Popovski
346 прегледи

Гугл се соочи со трета голема тужба, бидејќи група од 38 американски држави ја тужеа компанијата, обвинувајќи ја дека сака да го прошири својот монопол за пребарување на корисници за да доминира на пазарот на паметни звучници, ТВ и автомобили. Обвинението се заснова и на загриженост изразена од производителот на звучници Сонос и други компании, кои велат дека Гугл постапил неправедно со цел да ја зголеми својата моќ на пазарот.

Државите настојуваат да ја консолидираат својата тужба со онаа што ја поднесе Министерството за правда во октомври, се вели во соопштението на државното обвинителство на Колорадо.

Жалбата се фокусира на Гугл пребарувачот и рекламирање на истиот, како и фактот дека Гугл се обидува да користи договори за исклучување со цел да доминира со поновите технологии.

Тоа би ја исклучило, на пример, конкурентската технологија на виртуелен асистент, како што е Алекс од компанијата Амазон. Во тужбите се бара судот да му наложи на Фејсбук да ги информира надлежните државни служби за каква било идна аквизиција поголема од 10 милиони долари.

„Гугл спречува конкуренцијата на пазарот на гласовни асистенти да стигне до потрошувачи поврзани со автомобил, што е значаен начин за пристап до Интернет во блиска иднина“, изјави јавниот обвинител на Ајова, Том Милер.

Обвинението се заснова и на загриженост изразена од производителот на звучници Сонос и други компании, кои велат дека Гугл постапил неправедно со цел да ја зголеми својата моќ на пазарот.

Гугл не одговори на барањето за коментар, според Ројтерс, а акциите на компанијата паднале за 0,8 проценти во четвртокот.

Слични содржини