Одредени претставници на Републиканската партија во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес побараа финансиска ревизија на средствата доделени од Конгресот за Украина, почнувајќи од јануари 2021 година, изјави Марџори Тејлор Грин, член на Претставничкиот дом од Грузија.
„Денеска поднесувам до Претставничкиот дом нацрт-резолуција, со која бараме од претседателот на САД, секретарот за одбрана и државниот секретар да му достават на Претставничкиот дом релевантни документи поврзани со средствата доделени за Украина. со одобрение на Конгресот од 20 јануари 2021 година до 15 ноември 2022 година“, рече Грин во видео пораката, пренесе Интерфакс.
Таа истакна дека „бара да се покрене ревизија за секој долар на американски даночни обврзници што бил префрлен во Украина во една или друга форма“.
Покрај Грин, петицијата ја потпишаа уште десет републиканци.