Меѓународната агенција FitchRatings го додели првиот кредитен рејтинг на Естонската групација IuteGroup AS, под чијашто капа функционира Иуте Македонија.
Групацијата Иуте, која обезбедува кредитни, платежни и осигурителни брокерски услуги во земјите од Балканот и Југоисточна Европа и котира обврзници на берзата во Франкфурт и Балтичката берза, доби B – долгорочен кредитен рејтинг со стабилна перспектива од Fitch.
Според изјавите на Извршниот Директор на групацијата Иуте – Тармо Силд, добиениот рејтинг е еден од најважните достигнувања на групацијата досега. “Горди сме што добивме кредитен рејтинг од една од трите најдобри светски рејтинг агенции. Рејтингот ја одразува позитивната оценка на Fitch за нашата дигитална експертиза како клучна сила и нашиот докажан пристап нa меѓународните пазари за кредитирање. Важноста на Energbank за позиционирањето на IuteGroup AS, беше соодветно препознаена. Наша амбиција е континуирано да ги развиваме нашите активности на пазарот на капитал во согласност со нашиот оперативен бизнис.”
“Со Fitch рејтингот како потврда на целото работење на групацијата ја зацврстуваме довербата на нашите постоечки и идни инвеститори, додавајќи дополнителна вредност на нашите заложби за соодветното управување на ризиците, кредибилитетот, сигурноста и транспарентноста. Добиениот рејтинг значи потврда за нашата финансиска стабилност и успешната деловна политика, истовремено претставувајќи охрабрување за Иуте Македонија да привлече домашни инвеститори во уште поголем обем” – вели Мирослава Смоковска, Директор на Сектор за Финансии во Иуте Македонија.