Групацијата Volkswagen продолжува да работи во Русија под брендот AGR

Групацијата Volkswagen Русија денеска објави дека ќе продолжи да работи во таа земја под брендот AGR

од Vladimir Zorba

Volkswagen Group Русија објави промена на името во AGR Automotive Group. По преименувањето, компанијата ќе продолжи да работи на рускиот пазар и ќе се ребрендира во целост, соопштија од компанијата, пренесува ТАСС.

Промената на името е првиот чекор во трансформацијата и рестартирањето на бизнисот по предавањето на имотот на новиот сопственик, соопштуваат од компанијата.

Во мај оваа година, познатиот германски производител на автомобили ја заврши продажбата на своите руски средства на локален инвеститор.

Слични содржини