Групата што ја блокираше зградата N1 почна да се повлекува. Од другата страна на оградата останаа дел од вработените од „Ерпорт Сити“, кои аплаудираа и извикуваа „A sad adio“ додека групата предводена од партиските функционери на вицепремиерот Александар Вулин се повлекуваше. Вработените во N1 им се поклонија на граѓаните на „Ерпорт Сити“ кои дојдоа порано да го поддржат N1, соопштија од телевизијата.
United Media објави дека најостро ја осудува блокадата на влезот во дворот на телевизијата N1, спроведена од група луѓе, меѓу кои и функционери од Нови Сад, спречувајќи ги новинарите и вработените непречено да си ја вршат работата.
„Ова го гледаме како директен притисок врз независното новинарство и резултат на кампањата предводена од највисоките владини функционери и режимските медиуми, која интензивно се води против N1 во последните денови, поради неговото професионално известување за студентските протести во Србија. Ја повикуваме полицијата и надлежните институции да преземат итни мерки, да ја тргнат блокадата и да обезбедат непречено функционирање на N1. Секоја влада која тврди дека ги почитува демократските принципи е должна да ги штити новинарите од притисок и заплашување, а не да учествува во нив“, се вели во соопштението на United Media.