94
Борците на руската паравоена формација Вагнер окупираа уште две области на украинскиот град Бахмут, односно како што го нарекуваат во Москва, Артјомовска, соопшти денес руското Министерство за одбрана.
Ројтерс јавува дека нема начин да се потврди вистинитоста на тоа тврдење.
Претходно агенцијата објави дека украинските војници биле принудени да се повлечат од одредени територии во Бахмут бидејќи Русија започнала обновена офанзива со интензивен артилериски оган во последните два дена.