Грушко: Договорот за извоз на жито продолжен за 60 дена

од Stefanija Kuzmanovska
141 прегледи

Договорот за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море е продолжен за 60 дена, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко.

Тој рече дека е потврдено дека договорот е дел од пакетот и дека условот е да се исполнат сите ветувања дадени на руската страна, пренесува РИА Новости.

Според Грушко, Руската Федерација ќе продолжи да бара отстранување на сите пречки за испорака на земјоделски производи на светските пазари.