Грузија: Петмина членови на опозицијата обвинети за повик за државен удар

Грузиското министерство за внатрешни работи во неделата објави дека петмина членови на опозициски партии се уапсени за повикување на државен удар и соборување на владата.

од Vladimir Zorba
6 прегледи Фото: Принтскрин/ДВ

Грузиското обвинителство денес објави дека официјално подигнало обвинение против петмина членови на опозицијата за повикување на државен удар и соборување на владата на денот на локалните избори на 4 октомври.

Претставникот на обвинителството, Давид Гумбериѕе, на прес-конференција изјави дека обвиненијата се однесуваат на повикување на насилна промена на уставниот поредок на Грузија или соборување на државната власт, како и организирање, водење и учество во групно насилство, објави РИА Новости.

Грузиското министерство за внатрешни работи во неделата објави дека петмина членови на опозициски партии се уапсени за повикување на државен удар и соборување на владата.