“Гугл” дава по 20 долари на час, за да се возите во оваа кола

од desk3
135 прегледи

Google бара возачи, кои ќе учествуваат во тестирањето на беспилотни возила. Огласот за работа се појави во американската агенција HireArt, а во неа се нуди плаќање од 20 долари на час и договори за период од 12 и 24 месеци.

20160515.lpuutqkrlt

Испитувањата на автономните автомобили ќе се одржуваат во Феникс, државата Аризона . Вработените возачи ќе работат пет дена во неделата меѓу 6 и 8 часа. Избраните ќе работат како индивидуално, така и во мали групи од двајца до десет луѓе.

Основните обврски во работата се да ги набљудуваат сите системи на беспилотните возила, да состават дневни кратки извештаи и усни извештаи пред инженерскиот тим. Покрај тоа службените патувања се задолжителни, но тие ќе се со времетраење не повеќе од еден месец.

Едно од барањата е кандидатите да имаат “чиста возачка историја”, односно да немаат сериозни нарушувања и да не се осудувани. Со предност ќе уживате луѓе со “прекрасни комуникациски навики” и вештини да пишуваат не помалку од 40 зборови во минути на компјутер. Тие ќе поминат низ посебен тест, кој ќе вклучува голем број на вежби “како внатре во автомобилите, така и надвор од нив”.