Гугл ги означи како „горили“ Афроамериканците во новата апликација

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Апликацијата Google Photos го постави технолошкиот гигант во непријатна ситуација, откако, не се справи добро со автоматското препознавање на лица и обележа двајца Афроамериканци како “горили”.

gorili
Апликацијата се потпира на вештачката интелигенција, за да препознае што било снимено и на тоа да понуди соодветна етикета со која фотографиите лесно може да се бараат или организираат.
Апликацијата и во минатото имала неточни претпоставки – кучињата на фотографиите ги означуваше како коњи, но сегашниот резултат е особено навредлив за засегнатите.
Ситуацијата се прошири многу брзо на “Твитер”, каде програмерот Џеки Алсин го постираше резултатот од Google Photos.

google photos

Од “Гугл” настанот го нарекоа “застрашувачки”.
Зингер објави дека компанијата работи на отстранување на проблемот долгорочно – и лингвистички, со подобрен избор на зборови за слики, во кои има луѓе, како и технолошки – со подобрено препознавање на лица со темна кожа.
Веднаш била одстранета етикетата “горили”, за да се оневозможат слични случаи.
Се разбира, корисниците можат рачно да ги отстранат автоматски поставените етикети од апликацијата.