Гугл ја блокираа функцијата за енкрипција во Андроид 5.0

од Vladimir Zorba
91 прегледи
Откако ја претставија Андроид 5.0 Лолипоп на крајот на минатата година, од Гугл обрнаа внимание на една клучна функционалност на новата платформа. Од своја страна, таа беше поврзана со подобрен енкрипциски систем на датотеки, кој стандардно ги заштитува податоците складирани од корисниците во уред со овој софтвер. Потоа отклучувањето на смартфоните и таблетите се случуваше со воведувањето на посебен код за пристап, информира Врџ.android-lollipop-nexus-6-9-wear
Во официјално соопштение сега од Гугл најавија дека оваа корисна функција веќе нема да биде активна по дифолт, туку ќе може опционално да се вклучи од менито. Главната причина за оваа промена во плановите на компанијата е дека тоа негативно се одразува на продуктивноста на смартфоните и таблетите со Лолипоп ОС. Извештаи на аналитичари дури покажаа дека овој систем за енкрипција ја забавува работата на Нексус 6, кој демонстрира послаби резултати од својот претходник, што е прилично чудно, поради помоќниот хардвер.
Треба да се истакне и дека Гугл им овозможуваат на OEM партнерите сами да изберат дали да го активираат системот во своите уреди, но речиси никој од нив не пројавил интерес за овој предлог. Значи, ако имате мобилен уред со Андроид и сакате да продолжите да работите со него, ќе треба да го активирате сами од менито за поставувања.