Koрисниците на оперативниот систем на Apple iOS ја имаат на располагање апликацијата Find My iPhone со години. Сега и Android корисниците ќе добијат своја варијација. Ќе им ја даде Google.
Името на услугата е иста, со исклучок на едно”i” напред во името. За да ја користите треба да го регистрирате уредот во апликацијата “Find my phone”.
Во случај на недостаток, сè што треба да направите е да ја посетите интернет страницата на пребарувачот Google и да го внесете текстот “Find my phonе” (најди го мојот телефон).
Потоа Google ќе го најде вашиот Android телефон и ќе обезбеди мапа на неговата локација. Ако само сте го затуриле телефонот некаде дома, услугата нуди опција да си се јавите за да го слушнете.
За жал, апликацијата не нуди заклучување или исклучување на вашиот телефон. Не можете да ги избришете и информациите, ако тој биде украден.