Американската корпорација “Гугл” (Google, Inc.) развива нова апликација за размена на пораки помеѓу корисниците. Таа е замислено да се натпреварува со слични можности, како понудените пример од “Фејсбук” (Facebook, Inc.).
Ова се наведува во статијата објавена во вторникот во електронска верзија на американскиот весник “Волстрит џурнал”. Според извори на весникот “Гугл” се планира новата апликација да има и функција која овозможува да се поставува на програмата прашање и да се добива одговор кој самата апликација ќе го побара на интернет. Во исто време, главната цел на програмата е да се разменат брзи пораки.
Засега не се прецизира кога “Гугл” планира да ја воведе новата услуга, како и како ќе се вика таа. “Покрај тоа, не е јасно засега дали ова искуство ќе биде поуспешно отколку приложените претходно од компанијата”, наведува весникот.
Според податоците на “Волстрит џурнал” работата на новата апликација веќе околу една година е водена од потпретседателот на “Гугл” во производите поврзани со комуникацијата, Ник Фокс. Според весникот, програмите за размена на пораки се меѓу најпопуларните во светот. Тие се користат од околу 2 милијарди луѓе. Услугата на “Гугл”, како што забележува весникот, ќе се натпреварува со програми како WhatsApp на “Фејсбук”, како и со многу популарните во Кина WeChat на Tencent. Можноста да се добијат одговори на прашања, може да биде голема предност на новата услуга. Официјални претставници на “Гугл” не ја коментираа публикацијата во “Волстрит џурнал”, посочува ТАСС.