Со цел да ги натера луѓето да размислат два пати пред да навредуваат на интернет, организација за ментално здравје од Австралија ја објави едукативната алатка Reword.

Тоа е алатка на Гугл Хром, и функционира на начин што ќе ги изменува зборовите при пишувањето на навредлива порака на интернет.
Користи сличен начин на функционирање како spell check алатката, подвлекувајќи ги сите зборови кои се сметаат за непристојни со црвена линија.
Алатката ја креираше организацијата за ментално здравје Headspace и маркетинг агенцијата Лео Барнет Мелбурн. Тие се сомневаат дека луѓето кои малтретираат на интернет ќе бидат доволно самосвесни да ја преземат алатката, но се надеваат дека ќе биде инсталирана на компјутерите во училиштата и организациите.