Гугл користи вештачка интелигенција за пребарување

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Иако развојот на вештачката интелигенција е сè уште во прилично почетна фаза, Google веќе ја користи оваа технологија во својот пребарувач. Пред агенцијата Bloomberg еден од водечките научници во компанијата во оваа сфера најави дека веќе неколку месеци компанијата се потпира на алгоритмот RankBrain за обработката на “многу голем дел” од милионите пребарувања кои корисниците ги прават секоја секунда.zx450y250_2637108

Грег Корадо раскажува дека RankBrain има способност да проверува и да учи за важноста на зборови кои ги сретнува првпат. Може да претпостави и кои други зборови имаат слично значење и да ги избира соодветните резултати. Просечно 15% од сите пребарувања секој ден се со зборови или фрази, кои системите на Google никогаш не ги сретнале претходно. Благодарение на системот Google веќе знае како да одговори и на сложени, дури и малку збунувачки прашања како: “Кое е името на потрошувачот на највисоко ниво на синџирот на исхрана?”, коментира Корадо.

И покрај практичноста и високата ефикасност, RankBrain е само еден од стотиците начини за избирање на соодветни резултати. Google ги нарекува “сигнали”. Во моментов вештачката интелигенција е трета по важност.

“Изненаден сум од овој резултат. Би рекол мирно дека ги надмина нашите очекувања”, коментира Корадо.

Резултатите на RankBrain навистина се доста добри. Компанијата има направено тест во кој првите инженери на Google кои го развиле овој пребарувач, гледаат страници и треба да проценат кои од нив пребарувачот би ги поставил на прво место во резултатите. Истото го направил и RankBrain. И додека луѓето ги препознале во 70% од случаите, RankBrain познал 80%.

Сепак Корадо уверува дека RankBrain е под постојан мониторинг и периодично се апдејтува, за да се развива во вистинската насока.