Гугл: Луѓето можат да живеат до 500 години

од Vladimir Zorba
99 прегледи
Човечкиот живот може да биде продолжен до 500 години, објави сензационално шефот на Гугл Венрс, Бил Марис во интервју за Блумберг. Интернет компанијата инвестира сериозни средства во истражување, барајќи патишта за постигнување на биолошка бесмртност.google
Потенцијално, луѓето можат да живеат до 500 години, тврди Марис. Ова е можно благодарение на пробивот во медицината и биомеханика. Гугл е амбициозен да го направи реалност петвековното времетраење на човечкиот живот.
Марис е основач и шеф на Фондот Гугл Венчрс, кој се финансира од интернет корпорацијата, но е независен во донесувањето на одлуки за инвестиции. Неодамна Фондот активно инвестира токму во медицински и биотехнолошки стартапи.
– Со новите технологии можеме да го постигнеме она што посакаме. Лично јас планирам до доживеам бесмртност, изјави оптимистички Бил Марис.
Покрај Венчрс, напори за продолжување на човечкиот живот вложува уште една компанија на Гугл- тоа е Калико која развива технологии за борба со стареењето.