Американската интернет компанија Google открила сериозни безбедносни проблеми во смартфонот Samsung Galaxy S6 Edge, кој работи со оперативниот систем Android, создадена од Google, соопштува Би-Би-Си.
“Хакерите може да постигнат целосна далечинска контрола на уредот на корисникот”, соопштуваат од компанијата. Во исто време Samsung веќе најави укинување на основните слабости / 8 од 11 идентификувани. Сепак, се уште остануваат некои проблеми кои компанијата ветува дека ќе ги отстрани од следната верзија на смартфонот во ноември.
“За една недела откривме 11 ранливи места кои би можеле сериозно да влијаат на безбедноста на системот. Некои од нив се наоѓаат и во системот за обработка на фотографиите. Google исто така открива грешка во меилот на телефонот, преку кои хакер може да испраќа пораки во име на корисникот. Најинтересната грешка во уредот е можноста на хакерите да ги менуваат функциите на телефонот, вклучувајќи систем за заштита.